Испорака на производи
Сите нарачки направени преку 3d-shop.mk се испорачуваат на територијата на Република Северна Македонија преку курирската служба ЕЛС – Eco Logistic Services (ELS).
Вообичаениот рок за испорака е 2 до 5 работни дена од денот на потврдување на нарачката, освен ако за конкретниот производ не е наведено поинаку.
Во периоди на зголемен обем на нарачки, државни празници, годишни одмори, непредвидени околности или доцнења кај курирската служба, рокот за испорака може да биде продолжен до 10 работни дена. Во таков случај, ќе вложиме максимални напори навремено да ве известиме за евентуалното доцнење.
По испраќањето на пратката, доставата се врши согласно условите и распоредот на курирската служба ЕЛС – Eco Logistic Services.
При прием на пратката, купувачот е должен да го провери пакетот за видливи оштетувања. Доколку се забележат оштетувања на пакувањето или производот, препорачуваме веднаш да се пријават кај курирот и да нè контактирате на:
Телефон: +389 70 339 103
Е-пошта: [email protected]
Трошокот за испорака е прикажан за време на процесот на нарачување, пред финалната потврда на нарачката, освен доколку не е поинаку наведено како дел од тековна промотивна понуда.